Поради поскапување на храната, за 40% повеќе се краде низ продавниците

Б.С.Б.
/ 10.11.2022 / 11:26

Во Португалија бројот на кражби може да порасне за 40% во однос на минатата година бидејќи жителите поради зголемените цени на храната крадат конзерви риба, масло, леб, кафе и други основни намирници, пренесе португалскиот Expresso, повикувајќи се на официјални податоци.

„Овој феномен е особено изразен во големите градови како Лисабон и Порто“, изјави Гонсало Лобо Хавиер, потпретседател на португалското здружение на дистрибутерски компании (АПЕД). Нема никакви сомнежи дека луѓето ги крадат тие работи за да ги јадат. Ова е прв знак на тешка социјална криза“, додаде тој.

Од португалската полиција велат дека се пријавени 452 кражби во супермаркети во периодот од јануари до јуни. Ако продолжи трендот на крадење, кражбите ќе пораснат за 40 проценти во однос на минатата година.

Луѓето погодени од поскапувањето крадат и замрзната риба, особено бакалар која традиционално се јаде во Португалија, земја со 10.3 милиони жители.

Полицијата вели дека многу продавници не пријавуваат кражби на намирници како компири, но се повеќе трговци се со вградени алармни системи.

„Луѓето се очајни, кријат кутии со млеко и конзерви риба во торби или јакни за да јадат или да ги нахранат децата“, вели Клаудио Фереира, претседател на здружение на приватни безбедносни компании.

Во просек, цените на храната пораснаа 17%, а инфлацијата особено ја погоди средната класа која се соочува и со поскапувања на сметките. На работ на сиромаштија се 1.9 милиони жители со примања помали од 554 евра месечно.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе