Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Фронтменот на американскиот бенд „Guns N' Roses“, Ексл Роуз (61), ќе се појави на суд за наводен сексуален напад на поранешната манекенка на Penthouse, Шајла Кенеди, пред 34 години. Таа тврди дека тој ја „влечел како пештерски човек и ја малтретирал, објави TMZ.

Кенеди поднела тужба против Роуз, тврдејќи дека ја врзал и имал секс со неа за време на забава во 1989 година.

Според документите до кои дојде TMZ, Кенеди изјавила дека го запознала Ексл во клуб во Њујорк во февруари 1989 година и отишла на приватна забава во неговиот хотелски апартман, каде што, како што тврди таа, имало еден куп луѓе кои се дрогирале.

Понатаму се тврди дека Роуз продолжил да ѝ се додворува, што на почетокот ѝ било прифатливо, сѐ додека собата не се испразнила.

Кенеди истакнува дека видела дека Роуз има „агресивна сексуална врска“ со друга манекенка пред таа да отиде во друга соба со неговиот пријател, а потоа „работите се влошиле“.

Како што тврди, Роуз ја влечел во кревет за коса, ѝ ги врзал рацете со гаќички и сексуално ја нападнал.

Кенеди рече дека никогаш не се согласила на секс.

После тоа рекла дека излегла во шок, а потоа следела анксиозност и депресија, пренесува Танјуг.

Таа тврди дека љубовниот живот ѝ бил нарушен и сега бара отштета.

реклама

Музика

Шакира со стомачен танц ја запали сцената на Греми

Read more

Одржани 67. Греми награди: Доминацијата на Бијонсе продолжува

Read more

25 јануари 1981, се родил Тоше Проески

Read more

Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: Искрено ми е жал

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Читај повеќе
  • play_arrow

Лав Хјуит: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години

Читај повеќе

Ќе се рестартира Buffy the Vampire Slayer со Сара Мишел Гелар

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира со стомачен танц ја запали сцената на Греми

Читај повеќе
  • play_arrow

Одржани 67. Греми награди: Доминацијата на Бијонсе продолжува

Читај повеќе
  • play_arrow

Фин Вулфхард за петтата сезона на Stranger Things: Не можеше подобро да заврши

Читај повеќе

Добиваат ли оскаровците пари и кои се придобивките од оваа престижна награда?

Читај повеќе

Шварценегер снимен во Австрија како ужива во познат специјалитет

Читај повеќе