Поранешниот руски премиер Касјанов: Ако падне Украина, на ред се балтичките земји

Б.С.Б.
/ 13.06.2022 / 10:49

Михаил Касјанов беше првиот премиер на Владимир Путин, но ниту во најлошите кошмари не замислувал дека неговиот поранешен шеф ќе започне војна против Украина, пишува France 24.

Во видеоинтервју, Касјанов кој беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година, изјави дека очекува војната да потрае до 2 години, но е уверен дека Русија може да се врати на демократскиот пат.

Овој 64-годишен Русин, кој како премиер се залагаше за блиски врски со Западот, изјави дека како и многу други Руси, не можел да поверува дека нападот навистина може да се случи. Сфатил дека Путин не блефира дури откако видел како го повикува највисокото раководство на земјата на состанок на Советот за безбедност, три дена пред инвазијата на 24 февруари.

„Кога го видов состанокот на судскиот совет на Безбедност, сфатив дека ќе има војна“, изјави Касјанов.

Тој додаде дека дека Путин не размислува како што треба.

„Јас познавав поинаков Путин“, изјави тој.

Касјанов вели дека Путин успеа во изминатите 20 години да изгради систем основан на неказнивост и страв.

„Во суштина, ова е систем на КГБ заснован на целосно беззаконие. Јасно е дека не очекуваат никаква казна“, изјави тој.

Касјанов објасни дека ја напуштил Русија поради војната и дека живее во Европа, но одби да ја открие својата локација бидејќи е загрижен за безбедноста. Неговиот близок сојузник и колега, опозицискиот политичар Борис Немцов беше убиен со огнено оружје во близина на Кремљ во 2015 година.

Најпознатиот критичар на Путин, Алексеј Навални беше отруен со нервен гас во 2020 година и сега е во затвор.

„Ако падне Украина, следни се балтичките земји“, вели тој.

Исходот на војната ќе ја одреди и иднината на Русија. Касјанов верува дека на крајот Путин ќе биде наследен од „квази-наследник“ под контрола на безбедносните служби. Но, наследникот не би можел долго да го контролира системот и на крајот Русија ќе одржи слободни и фер избори.

„Сигурен сум дека Русија ќе се врати на патот на изградба на демократска држава. Ќе мора сè одново да се изгради. Во суштина, низа економски и социјални реформи ќе треба одново да бидат започнати. Тоа се тешки задачи, но мора да се направат“, смета тој.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе