Македонија

Пороен дожд и грмежи во северниот дел од земјата, попладне стабилизација на времето

13. август 2017 - 11:03 | Макфакс

Нестабилно време утрово има во северниот дел од Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Со пороен дожд и грмежи е зафатено и скопското подрачје. Локална нестабилност ќе има и во другите делови на земјава.

Во попладневните часови се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Од вторник ќе има постепен пораст на температурата на воздухот и стабилизирање на временската состојба.

Утринава се измерени 10 степени во Лазарополе, 12 во Крушево и Маврово, 13 во Претор, 14 во Дебар и Ѓуриште, 15 во Пожаране, Берово, Кр. Паланка, Охрид, 16 во Прилеп, Скопје и Тополчани, 17 во Куманово и Виница, 18 во Битола, Скопје Петровец, Штип и Тетово, 20 во Д. Капија и Струмица и 22 во Гевгелија.

Најмногу дожд во текот на ноќта и утринава наврна во Скопје и во Куманово.

Коментирај