Porsche имаше рекордна година, дели илјадници евра бонус за вработените

Германскиот автомобилски гигант Porsche ја заврши 2018 година со рекордни резултати, во поглед на приходи, број на произведени автомобили и на работна сила. Токму затоа реши да ги награди вработените.

Во компанијата Porsche исклучително многу се гордеат со своите вработени. Бонусите што ќе ги добијат вработените се резултат на нивниот придонес и преданост.

Бонусот се состои од два дела: околу 9.000 евра како бонус за ефикасност и уште 700 евра како додаток во пензионерскиот фонд Porsche Variorente.

Да, околу 25.000 редовно вработени ќе добијат по околу 9.700 евра бонус во зависност од стажот и поминатите работни часови. Бонусот ќе го обијат на сметка со следната плата.

Лани вработените во Porsche добија бонус за 2017 година во износ од 9.565 евра.

2018 година за Porsche низ бројки

Компанијата во 2018 година го зголеми бројот на испораки за 4% на 256.255 автомобили и притоа го зголеми приходот за 10% на 25,8 милијарди евра.

Исто така, нето оперативниот приход се зголеми за 4% на 4,3 милијарди долари, а повратот на инвестиции изнесуваше 16,6%. Бројот на вработени во Porsche се зголеми за 9% на 32.325 работници.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе