Никола Јокиќ е секогаш неизбежна тема во Денвер, дури и кога тој самиот не се појавува во програмата.
Арон Гордон, кој летоска беше во Сомбор, разговараше со Мајкл Портер Џуниор, а во еден момент тема стана и Јокиќ.
Познато е колку Гордон го почитува Јокиќ, а поранешниот ас на Орландо Меџик зборуваше за неговата работна етика.
„Јокиќ е одличен лидер. Секогаш е точен, секој ден. Тој тренира секое утро, ќе одигра натпревар, а по натпреварот крева тегови. Редовно работи секој ден. И згора на тоа, тој е скромен. Кога имате двократен МВП и најкорисен играч на НБА финалињата, кој е толку несебичен, тоа е како божји дар. Ако тој може да подава, тогаш и другите можат да ја подаваат топката. Тој е ѕвер“, изјави Гордон.
Портер се надоврза и објасни како изгледало летото на Јокиќ во родната Србија.
„Тој е единствен. Кога ќе го гледате ноќ по ноќ, тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел. Лудо е што може да направи. Порано беше добар, но не беше толку заинтересиран. Растеше од година во година. Дури и по МВП сезоната. Како е можно да се подобриш после МВП година? И годинава е подобар, а го освоивме прстенот. Разговарав со него и ми кажа дека во Србија пиел по 6 пива дневно. Веројатно не ја ни допрел топката“, додаде Портер.