Портланд ја продолжува потерата по Денвер

Кошаркарите на Портланд и Далас ја продолжија потерата по осмопласираниот Денвер во борбата за пласман во плејофот во Западната конференција, откако синоќа победија во дуелите со Њујорк, односно ЛА Клиперс.

Портланд без поголеми проблеми славеше во дуелот со Њујорк 110:95 и ја забележа 33-та победа во сезоната. Портланд на табелата има една победа помалку од Денвер.

Портланд до победата го предводеа Демијан Лилард со 30 поени, Си-Џеј Мекалум со 20 поени и Јусуф Нуркиќ со 16 поени, 10 скокови и 3 блокади.

Далас славеше во дуелот со ЛА Клиперс, минимално 97:95 и ја забележа 31-та сезонска победа. Братот на ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, Сет, го предводеше Далас до победата со 23 поени, два помалку постигна Херисон Барнс.

Сан Антонио славеше во дуелот со Мемфис 97:90 и во однос на првопласираниот Голден Стејт има две победи помалку. Наредната недела Сан Антонио и Голден Стејт ќе го одиграат дуелот кој може да реши кој тим регуларниот дел од сезоната ќе го заврши на првото место во лигата.

Сан Антонио до 55-та победа во сезоната го предводеа Ламаркус Олдриџ со 23 и Каваи Ленард со 19 поени.

Торонто против Мајами победи со 101:84, додека Бруклин го совлада Феникс 126:98.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе