Кошаркарите на Индијана, Бостон, Јута, Мемфис, Хјустон, Портланд, Сакраменто и Милвоки победија синоќа на натпреварите во НБА лигата.
Портланд во дербито славеше во Тексас кај Сан Антонио 110:106. До победата го носеше бековската двојка Демијан Лилард и Си-Џеј Мекалум на која им се приклучи репрезентативниот центар на БиХ, Јусуф Нуркиќ. Лилард постигна 36 поени, Мекалум 26, а Нуркуќ имаше учинок од 16 поени и девет скокови.
Каваи Ленард, на спротивната страна, повторно имаше одличен учинок (34 поени, 9 скокови, 6 асистенции, 3 украдени топки, 2 блокади), но не можеше да го спречи поразот на својот тим. На овој меч по 10-дневната пауза поради срцева аритмија во тимот на Сан Антонио се врати Ламаркус Олдриџ, кој на својот поранешен тим му уфрли 19 кошеви.
Џејмс Харден со трипл-дабл го предводеше Хјустон до триумф над ЛА Лејкерс 139:100. Харден мечот го заврши со 18 поени, 12 скокови и 13 асистенции. На дебаклот на Лејкерси најмногу придонесе нивниот доскорешен играч Вилијамс кој постигна 30 поени.
Индијана славеше во дуелот со Шарлот 98:77, а тимот до победата го предводеше Пол Џорџ со 39 поени.
Горан Драгиќ се врати во тимот на Мајами по повредата на окото. Словенецот постигна 33 кошеви, а Мајами славеше над Њу Орлеанс 120:112. Одличен кај победникот беше и Хасан Вајтсајд со 20 поени и 17 скокови, додека на спортивната страна Ентони Дејвис уфрли 28 поени.
Резултати: Вашингтон-Далас 107:112, Бостон-Минесота 117:104, Детроит-Јута 83:97, Чикаго-Мемфис 91:98, Феникс-Сакраменто 101:107, ЛА Клиперс-Милвоки 96:97.