Последен трејлер за „Bumblebee“, новиот филм од франшизата „Transformers“
Серијалот „Transformers“ во последните неколку години добива многу критики поради константното влошување на квалитетот на филмовите, но сепак тие заработуваат огромни суми на боксофисот и поради тоа студиото продолжува да продуцира нови филмови и спинофи, од кои еден е и „Bumblebee“.
Главната улога во „Bumblebee“ ја има младата Хејли Стенфилд, која се прослави по номинацијата за Оскар за филмот „True Grit“. Овој спиноф ќе се фокусира на еден од ликовите од оригиналните „Transformers“ – Бамблби, а во киносалите пристигнува на 21 декември оваа година.