Засега неидентификуван поединец од клубот Тотенхем добил позитивен тест како дел од скринингот на клубовите од Премиер лигата.
Англиската лига потврди дека во последната рунда на тестирања има еден позитивен на коронавирусот.
„Премиер лигата потврдува дека 1.197 играчи и лица од клубовите беа тестирани за COVID-19 во понеделникот и вторникот, 1 и 2 јуни. Од сите тие еден излезе позитивен“, стои со соопштението на организаторот.
Скринингот во најквалитетната англиска лига почна на 17 мај и се осдвина во неколку рунди.
„Индивидуата која е позитивна ќе биде во самоизолација во наредните 7 дена“, потврди Премиер лигата на својата официјална веб-страница без да наведе од кој клуб е позитивниот случај.
Сепак, потоа со соопптение се јави Тотенхем од каде потврдија дека позитивниот тест е од кај нив.
„Бевме информирани од страна на Премиер лигата дека од нашите тестови еден е позитивен на COVID-19 како резултат на тестирањата направени во нашиот тренинг центар во последната рунда од скринингот. Поради приватност, идентитетот на лицето не се објавува. Се работи за асимптоматски случај и лицето сега ќе биде во самоизолација 7 дена“, соопшти Тотенхем.
Досега скринингот на Премиер лигата откри 13 позитивни случаи и тоа:
1 рунда: 17-18 мај - 748 тестирани, 6 позитивни од 3 клубови.
2 рунда: 19-22 мај - 996 тестирани, 2 позитивни од 2 клуба.
3 рунда: 25-26 мај - 1.008 тестирани, 4 позитивни од 2 клуба.
4 рунда: 28-29 мај - 1.130 тестирани, 0 позитивни.
5 рунда: 1-2 јуни - 1.197 тестирани, 1 позитивен.