Подгответе брза, лесна и вкусна крем чорба од целер.
Состојки:
1 поголем целер
2 моркови
1 компир
1 помала главица кромид
Сол и Бибер
Подготовка:
Измијте го зеленчукот, исечкајте го и ставете го во сад со вода за да омекне. Потоа, иситнете го во блендер, вратете го во садот, додадете сол и бибер, додадете вода за да ја добиете посакуваната густина и оставете да се готви.
Украсете со сецкан лист од целер и послужете со препечен леб.