Потврден прв случај на корона вирус во земјава

Потврден е првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.

Ова го соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, на заедничката прес-конференција во Владата, на која се присутни и премиерот Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

-Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста, рече Филипче.

Премиерот Спасовски  и д-р Караџовски упатија смирувачки тонови, нагласувајќи дека нема причина, ниту простор за паника.

-Едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Медицинските служби се 24/7 подготвени да дејствуваат и за само половина час можат да направат екипа. Граѓаните може да бидат мирни, зашто ништо не нè изненади, напомена д-р Караџовски.

Според премиерот Спасовски, ситуацијата е под контрола, пациентката со корона вирусот е третирана согласно сите препораки.

- Институциите се подготвени да реагираат веднаш. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство. Во овој момент е многу важно свеста кај сите да биде на високо ниво, посебно во однос на препораките, но и во однос на одговорното однесување, рече Спасовски, укажувајќи да нема неодговорно однесување посебно на социјалните мрежи.

Министерот Филипче најави нова прес-конференција во 20 часот на која ќе бидат соопштени повеќе детали.

Претходно денеска министерот Филипче рече дека случај со коронавирус засега од регионов има во Хрватска, а денеска беше потврден и првиот случај во Грција. Во Албанија коронавирус, како што рече Филипче, сè уште нема, а од Косово се чекаат информации.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе