Повеќето луѓе кои имаат срцев удар прво ги чувствуваат овие симптоми

Срцевиот удар може да биде застрашувачки, но ако научите кои се неговите знаци и кои чекори да ги преземете, може да спасите животи, вклучително и вашиот.

Според докторите, повеќето луѓе кои доживеале срцев удар првин искусиле некои од овие симптоми.

Болка во градите

Болка во градите често е знак на срцев удар. Може да биде последица од блокиран или намален проток на крвта во срцето, но и знак на предупредување дека би можело да дојде до срцев удар. Кардиологот Џефри Чемерс за Eat This појасни дека станува збор за болка која може ненадејно да се појави, па да исчезне, понекогаш додека се напрегаме. Ако болката стане постојана, веднаш побарајте лекарска помош.

Умор

Чувство на необичен умор би можел да биде уште еден знак на срцев удар, особено ако се појавува покрај болка во градите. Од прилика две од три лица кои доживуваат срцев удар чувствуваат болка во градите, отежнато дишење или умор неколку дена или недели пред нападот.

Болки во телото

Во текот на срцев удар, болка од средината на градниот кош може да се рашири на грбот, главата или рацете. Понекогаш болката се чувствува во подрачјето на желудникот што може да се замени со дигестивни проблеми. Обично е посилна, подолготрајна и не минува со одморање или земање таблети против болки.

Мачнина

Никогаш не треба да се игнорира необјаснива мачнина и повраќање. Ако се будите облеани со студена пот, со чувство на мачнина и повраќање, тоа можат да бидат симптоми на грип, но и на тивок срцев удар.

Ако инстинктот ви говори дека станува збор за нешто посериозно, послушајте го и советувајте се со доктор.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Здравје

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Read more

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Read more

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Read more

Здравствени симптоми кои жените никогаш не треба да ги игнорираат

Read more
 

Магазин

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Читај повеќе

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Би пробале сладолед од ракови?

Читај повеќе

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Читај повеќе