Повредени и приведени повеќе лица по престрелка во Арачиново

Во селото Арачиново околу 2 часот по полноќ се случила престрелка по претходна расправија поради долг при што се ранети и приведени повеќе лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од МВР стои дека денеска во СВР Скопје приведени се М.А (31), М.С.(35) од селото Страчинци и Н.Џ.(27) од селото Арачиново. Полицијата постапила по пријава според која по претходна расправија, М.А.(31) испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) поради долг што овој го имал кон него.

По престрелката, како што информираат од МВР, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.

Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.

Од МВР велат дека во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила.

Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Тагови
реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе