Повредениот скопјанец и лани бил мета на напад, полицијата ништо не презела

Четириесет и шестгодишниот Даниел Трајковски, кој ноќеска беше ранет при бркотница со возила на булеварот Партизански одреди, уште лани пријавил во полиција дека има обид за негова ликвидација, но полицијата не презела ништо.

Трајковски тврдеше дека се работи за пресметка со него, и нарачан атак врз неговиот живот на 28 април минатата година, од луѓе блиски на власта. Тој тогаш кажа дека со приватниот автомобил „Голф 5“ се движел во правец од хотел Александар Палас, кон Илинденска. Забележал „Фолсфаген Пасат“ со црна боја и затемнети стакла како во неговата лента му го пресекол патот и од автомобилот излегле две лица со маски на главата и со пиштоли почнале да пукаат кон него, по што слушнал два истрели од огнено оружје.

„Во тој момент се исплашив, додадов гас и удрив од десната страна на пасатот и продолжив да се движам. Веднаш потоа го пријавив настанот во ПС Ѓорче Петров. Револтиран сум бидејќи досега нема ништо од истрагата. Во Полициската станица ми рекоа дека камерите не работеле. Мислам дека полицијата намерно не презема ништо за расветлување на настанот, бидејќи ќе се открие дека ова убиство сакаа да го сторат лица познати на властите“, кажа Трајковски минатата година.

Синоќа Трајковски повторно беше бркан од возило од кое беше пукано врз него и заврши на Клиничкиот центар во Скопје. Трајковски по оперативниот зафат е контактибилен и е во свесна состојба. 

реклама

Хроника

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе