Пожарот во Нотр Дам ставен под контрола утрово, избегнато е најлошото сценарио

Пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз е ставен под контрола во 3 часот утрово, по осумчасовната борба со огнената стихија, соопшти противпожарната служба на Париз.

Огнот што изби во раните вечерни часови, брзо се распламти, ја зафати главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив.

Пожарникарите успеаја да спречат уништување на главната камбанарија и се обидоа да спасат религиозни реликвии и непроценливи уметнички дела.

– Можеме да кажеме дека конструкцијата на Нотр Дам е спасена во целина, изјави Жан-Клод Гале, командант на пожарната бригада пред да биде целосно совладан огнот.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Лоран Њунез изјави дека и понатаму се внимателни во проценките, но се „многу поголеми оптимисти“ отколку претходно.

Пожарот го гаснеа повеќе од 400 пожарникари кои успеаја да спречат ширење на огнот на северната камбанарија.

Според првичните информации од истрагата, најверојатно пожарот случајно избил.

Пожарот првично го зафати поткровјето, по што се урна дел од кровот и врвот на централната кула што го држеа четири столбови високи 93 метри.

Милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на катедралата

Францускиот милијардерот Франсоа -Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис. Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.

Парижани ја пееја Марселезата, националната химна на француската револуција, додека пожарникарите се обидуваа да го изгасат пожарот што ја зафати монументалната катедрала.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе