Пожарот во Охридско ставен под котрола, се работи на целосно гасење

Охрид, 9 август 2022 (МИА) – Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната противпожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски.

Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи на Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и доброволци.

– Пожарот е ставен под котрола. Се надевам дека во текот на денот ќе биде изгаснат. Не постои опасност од зафаќање на куќи, изјави Јанкулоски.

Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе ја проценуваат.

– Во моментот пожарот е ставен под контрола, но на терен остануваат дежурните екипи до негово целосно локализирање. Вкупната зафатена површина и направената штета дополнително ќе се проценуваат, соопшти Национални шуми.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информира дека од утрово на терен се и екипи од сите општински јавни претпријатија.

– Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“, додаде Пецаков.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе