Новиот Peugeot 308 е еден од најубавите модели во европскиот Ц сегмент, а во иднина ќе добие и потполно електрична верзија.
Електричниот Peugeot 308 ќе се појави на пазарот во 2023 година и ќе биде конкуренција на Volkswagen ID.3.
Кога станува збор за платформата на која ќе биде базиран, има две опции. Едната е CMP платформа за мали автомобили која ја користи новиот Citroen C4, a која овозможува користење на електричен погон. Втората опција е претстојната VMP платформа која претставува адаптирана верзија на EMP2 платформата за електрични автомобили.
Новата платформа ќе дебитира со следната генерација на моделот 3008 која ќе дебитира во 2023 година, а можеби ќе се искористи и за потполно електричниот 308. Сепак, сè уште нема официјална потврда.