Праисториските луѓе пред 100.000 години преку сложен процес правеле лепак

Пред 100 илјади години раните луѓе во Јужна Африка правеле лепак од листови од иглолисни растенија користејќи софистициран процес на дестилација.

Многу пред човекот да го направи синтетичкиот лепак во фабрика, илјадници години се користеле природни материјали за спојување на разни работи. Пред сѐ разни смоли, кои можат да се најдат во многу растенија. Истражувачите од Универзитетот Еберхард Карлс во Тибинген и од Универзитетот во Кејп Таун преку анализа на камени алатки за потребите на една најнова студија откриле потполно нова врста праисториски лепак, за кој се верува дека е еден од најстарите во светот.

За време на истражувањето на неколку палеолитски локалитети во Јужна Африка биле откриени остатоци од лепак кој бил датиран во период од пред 100.000 години. За разлика од смолата, оваа супстанца не била сама по себе леплива, туку морала да се претвори во лепак преку сложен процес на дестилација. Археологот и главен автор на истражувањето, Патрик Шмит, објасни дека тука се забележува како луѓето веќе во праисторијата почнале да модифицираат одредени материјали, а тоа според неговото мислење е пресвртница во историјата на нашите претци кога во прашање е инженерингот.

Сложен процес на дестилација

Остатоци од лепакот стар над 100 илјади години се пронајдени на неколку локалитети во Јужна Африка, пред сѐ на камени алатки кои со негова помош биле прицврстени за копја или дршки. Според студијата која е објавена во списанието PNAS, некога главна состојка биле листови од растението Podocarpus latifolius. Изненадувачки факт  е тоа што ова дрво не лачи значајни количини смола или било која друга леплива супстанца. Поради тоа главниот фокус на истражувањето било прашањето за производството на лепакот.

Дрво од видот Podocarpus latifolius сликано во Кејп Таун, Јужна Африка

По направените испитувања дошле до заклучок дека луѓето од каменото бвреме можѓеле да користат две тѕехиники за производтсво на лепак, но и дека и едната и другата бараат одредени вештини. Првата подразбирала спалување на листовите и рачно собирање на остатоцитѕе, додека за другиот процес била потребна некој вид на закопана печка со простор каде што неколку часа капел катран.

Но, зошто раните луѓе од Јужна Африка го преферирале овој сложен процес наспроти самолепливиот сок од дрвјата? Истражувачлите тврдат дека главната причина е тоа што дестилираниот лепак бил доста поефикасен, како и тоа дека можел да поднесе многу поголемо оптеретување отколку оние на база нна растенија. Сепак, глкавмното откритие според нивното мислење е тоа што раниот Хомо сапиеннс бил многу инвентивен дури и пред 100 илјади години.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе