ЛА ЛИГА 2023/2024

Пред 7 години Рамос држеше за рака мало момче, сега поради него си постигна автогол

Во дербито на 8. коло на шпанската Ла Лига, Барселона синоќа на стадион од „Љуис Компањс“ (поранешен „Монтжуик“) ја победи Севиља со 1:0, а пресуди бизарниот автогол на Серхио Рамос.

Во тек беше 76. минута кога 16-годишниот Ламин Јамал со глава ја прати топката во петерецот со намера да асистира, а Серхио Рамос несмасно ја испрати во сопствената мрежа за триумф на Каталонците.

Овој гол домашните го прославија со дополнителен ентузијазам бидејќи го постигна некогашен голем ривал од Реал, а за него се поврзува посебна случајност.

URL

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од 2016 година на кое се гледа како Рамос влегува на теренот на „Ноу Камп“ држејќи го за рака тогаш 9-годишниот Јамал, член на Ла Масија од Барселона.

URL

Јамал е роден во 2007 година од татко Мароканец и мајка од Екваторијална Гвинеја и е дете на Барселона. Може да игра на десната страна или како центарфор, како и зад напаѓачите.

Поради стилот на игра го споредуваат со Лионел Меси и важи за најголема надеж на каталонскиот клуб.

Инаку, дебитираше за првиот тим минатата сезона во 32. коло од Ла Лига против Реал Бетис кога на 15 години испиша историја и стана најмладиот фудбалер кој настапил за каталонскиот клуб.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе