УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Преглед на 3. коло од ЛШ (ден 1)

Дербито синоќа беше во Мадрид каде во интересен натпревар Реал со 3:2 го совлада Интер. Ливерпул, Баерн и Борусија беа немилосрдни кон своите противници полнејќи им ги мрежите, додека Атлетико се сопна во Москва.

Серхио Рамос и Лаутаро Мартинес
Група А

Диего Симеоне и неговиот Атлетико не успеаја да дојдат до планираните 3 бода на гостувањето во Моска. Поведоа, но гол од пенал донесе израмнување за Локомотив во 25. минута, а до крајот мрежите останаа да мируваат.

Локомотив - Атлетико 1:1
25' (п) Антон Миранчук - 18' Хосе Марија Хименес

Актуелниот шампион Баерн гостуваше во соседна Австрија каде постигна 6 голови против Салцбург. Иако домаќините први победоа и до 11 минути пред крајот резултатот гласеше 2:2, во фуриозна завршница Германците ја наполнија домашната мрежа.

Салцбург - Баерн 2:6
4' Мргим Бериша, 60' Масаја Окугава - 21' (п), 88' Роберт Левандовски, 44' (аг) Расмус Кристенсен, 79' Жером Боатенг, 83' Лирој Сане, 90'+2 Лукас Ернандес

Табела:

  1. Баерн 9
  2. Атлетико 4
  3. Локомотив 2
  4. Салцбург 1
Група Б

Големо изненадување се случи во Украина каде гостите од Менхенгладбах не само што победија, туку тоа го сторија на понижувачки начин со 6:0.

Шахтар - Борусија (М) 0:6
8', 26', 78' Аласан Плеа, 17' (аг) Валериј Бондар, 44' Рами Бенсебајни

Дербито на колото во Мадрид ги оправда очекувањата. По катастрофалната грешка на Ашраф Хакими домашните поведоа преку Бензема, а потоа со 100. клупски гол на капитенот Рамос „Кралевите“ дојдоа до навидум сигурно водство. Лаутаро се погрижи Интер да се врати во игра пред полувремето, а во вториот дел израмни Перишиќ. Во завршницата двата тима одеа на победа, а тоа им успеа на домаќините благодарение на нововлезениот Бразилец Родригу на две минути пред крајот.

Реал Мадрид - Интер 3:2
25' Карим Бензема, 33' Серхио Рамос, 88' Родригу - 35' Лаутаро Мартинес, 68' Иван Перишиќ

Табела:

  1. Борусија (М) 5
  2. Шахтар 4
  3. Реал Мадрид 4
  4. Интер 2
Група Ц

Фаворитите Манчестер Сити и Порто немаа проблеми со своите противници и со по 3:0 ги преслушаа Олимпијакос и Марсеј.

Манчестер Сити - Олимпијакос 3:0
12' Феран Торес, 81' Габриел Жезус, 90' Жуау Канселу

Порто - Марсеј 3:0
4' Муса Марега, 28' (п) Сержиу Оливејра, 69' Маруланда Луис Диас

Табела:

  1. Манчестер Сити 9
  2. Порто 6
  3. Олимпијакос 3
  4. Марсеј 0
Група Д

Аталанта разочара откако на домашен терен доживеа катастрофа од 0:5 од Ливерпул во натпревар во кој Португалецот Жота прослави хет-трик.

Аталанта - Ливерпул 0:5
16', 33', 54' Диогу Жота, 47' Мохамед Салах, 49' Садио Мане

Ајакс уште во 1. минута поведе на гости во Данска кај дебитантот Митјиланд и успеа да ги освои трите бода.

Митјиланд - Ајакс 1:2
18' Андерс Дрејер - 1' Антони, 13' Душан Тадиќ

Табела:

  1. Ливерпул 9
  2. Ајакс 4
  3. Аталанта 4
  4. Митјиланд 0

Денеска се игра 3. коло и во останатите четири групи.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе