Прекинат бојкотот во Железници, надоместокот за работниците ќе биде платен в понеделник

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата в понеделник да им го исплати надоместокот за материјалните трошоци.

-Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен в понеделник, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин.  

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе