Филмот „Thor: Love and Thunder“ со Крис Хемсворт во главната улога, го освои бокс-офисот во Северна Америка со моќна заработка од 143 милиони долари во благајните, пренесе Variety.

На меѓународно ниво, филмот заработи 159 милиони долари од прикажувањето или има вкупна глобална заработка од 302 милиони долари. Филмот има буџет од 250 милиони долари за продукција и 100 милиони долари за промоција.
Од прикажувањето на првиот филм „Thor“ во 2011 година со заработка од 56 милиони долари, серијалот стана прилично популарен во последната деценија. Филмот е во режија на Таика Ваитити, а во главните улоги покрај Крис ги гледаме Натали Портман и Кристијан Бејл.
Критичарите и публиката сепак не се толку одушевени од „Thor: Love and Thunder“ како што беа од „Thor: Ragnarok“, кој на премиерата заработи 123 милиони долари, но и повисоки оцени.
На второто место на листата е „Minions: The Rise of Gru“ со 45.5 милиони долари. На третото место се најде „Top Gun: Maverick“, кој во кината се прикажува скоро два месеци. Филмот заработи 15.5 милиони долари во седмиот викенд од прикажување.