Премногу кофеин во бременоста може да резултира со проблеми во однесувањето кај детето

Нова студија на американски научници покажа дека внесувањето поголеми количини на кофеин за време на бременоста може да влијае на ситни промени во структурата на мозокот на бебето и да резултира со проблеми во нивното однесување подоцна во животот, пишува порталот ScienceDaily.

Истражувачите од Институтот за неврологија Дел Монте при Медицинскиот институт во Универзитетот Рочестер анализирале илјадници податоци засновани на претходни скенирања на мозокот кај деца на возраст од девет и десет години и откриле мали промени во структурата на мозокот кај деца изложени на кофеин „во матката“.

Во оваа најголема долгорочна студија за развој на мозок кај деца, во која беа вклучени 9.000 деца, истражувачите истражуваа голем број фактори кои можат да влијаат на нивниот биолошки и бихевиорален развој.

Собраните податоци и проценки на 27 критични промени во мозокот, како резултат на магнетна резонанца, беа поврзани со психопатологија и когнитивни мерки.

Мали проблеми во однесувањето, тешкотии при концентрирањето и вниманието, како и хиперактивност се симптоми што ги забележале истражувачите кај децата опфатени во студијата, рече Захари Кристенсен, доктор и водач на студијата чии резултати беа објавени во списанието Neuropharmacology.

„Ова се еден вид помали последици што не предизвикуваат никакви психијатриски нарушувања, но сепак влијаат на минимални, но забележливи проблеми во однесувањето што треба да нè натераат да размислиме за долгорочните последици од внесувањето кофеин за време на бременоста“, рече д-р Џон Фокс, директор на Институтот за неврологија Дел Монте и раководител на Одделот за развој на мозокот кај адолесцентите при Универзитетот во Рочестер.

„Мислам дека резултатот од оваа наша студија ќе биде препорака за бремените жени дека консумирањето кофеин во бременоста веројатно не е толку добра идеја“, додаде тој.

Анализирајќи скен снимки на мозокот на повеќе од 9.000 деца на возраст од девет до десет години, истражувачите откриле јасни промени во начинот на кој се организирани трагите бела материја - мозочна компонента што сочинува околу половина од волуменот на мозокот и служи како комуникациска мрежа – кај деца чии мајки пријавиле дека конзумирале кофеин за време на бременоста.

„Важно е да се напомене дека ова е ретроспективна студија и дека нашите податоци се базираат на одговорите на мајките кои се сеќаваат колку кофеин внеле додека биле бремени“, рече Фокс.

Претходните студии исто така покажаа дека кофеинот може негативно да влијае на бременоста. Исто така е познато дека фетусот нема ензим потребен за разградување на кофеинот кога поминува низ плацентата, а новата студија сугерира дека кофеинот може да има траен ефект и врз неговиот невроразвој.

„Тековните клинички упатства сугерираат дека е важно да се ограничи внесувањето кофеин за време на бременоста, што значи не повеќе од две нормални чаши кафе на ден, што е околу 200 милиграми кофеин“, рече Кристенсен.

„На долг рок, се надеваме дека ќе развиеме подобри упатства што ќе бидат корисни за идните мајки, а во меѓувреме ги советуваме да се консултираат со својот лекар во случај на какви било нејаснотии“, заклучи тој.

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе