Препознајте дали им недостигаат витамини и минерали на вашите деца

Обрнете внимание на јасните знаци на недостаток на витамини кои се неопходни за правилен развој на децата.

Недостаток на витамини и минерали кај децата се јавува почесто отколку што би очекувале, а за сето тоа виновник најчесто е монотоната исхрана, предупредуваат педијатрите.

Често се случува храната што ја јадат децата да е монотона и нехранлива, а сè почесто децата консумираат храна полна со рафиниран шеќер, како и преработена храна која не е богата со нутритивни вредности. Ова, меѓу другото, доведува до недостаток на витамини.

Со оглед на тоа што недостатокот на витамини и минерали кај децата може да стане сериозен проблем кој е главна и водечка причина за бројни болести, важно е да се видат и препознаат различните знаци на недостаток и да се надомести со правилна исхрана.

Во продолжение дознајте како да препознаете недостаток на одредени витамини.

Недостаток на витамин А

Недостатокот на витамин А доведува до суви очи, кафени дамки на склерата, но и до чести стомачни и респираторни инфекции кај децата.

Недостаток на витамин Б

Недостатокот на витамин Б комплекс доведува до слаб апетит, слабост и раздразливост, како и доцнење во развојот. Покрај тоа, вообичаени се промените во расположението.

Недостаток на витамин Ц

Децата на кои им недостига витамин Ц во организмот често имаат проблеми со отекување на непцата, како и крварење при четкање на забите. Покрај тоа, тие често имаат екстремно сува коса и болки во зглобовите.

Недостаток на витамин Д

Недостатокот на витамин Д може да доведе до слабеење на коските (болест наречена „рахитис“ кај малите деца). Како резултат на тоа, може да дојде до виткање на коските на нозете. Дополнително, недостатокот на витамин Д може да доведе и до побавно одење, одложено никнување на забите и зголемен ризик од скршеници на коските.

Недостаток на калциум

Недостатокот на калциум обично е предизвикан од недостаток на витамин Д, па симптомите најчесто се поврзани со недостаток на истиот витамин. Покрај веќе споменатите симптоми, може да се појават и грчеви во мускулите.

Недостаток на железо

Замор, недостаток на концентрација, раздразливост и слаб апетит се карактеристични за недостаток на железо кај децата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе