Пресуди за Меѓународен сојуз: Боки 13 доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, Ременски ослободена

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од 9 години судот му определи на обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинетата Јасна Ерцеговиќ, исто така, е виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со што судот на неа ѝ определи единствена казна затвор од 4 години во која се смета и времето поминато во куќен притвор.

Судечкиот совет ги ослободи од обвинение за „измама“ обвинетите Фросина Ташевска Ременски, и Христина Блажевска. Додека, Блажевска, се обвинува само за „перење пари и други приноси“ со казна затвор во траење од 1 година.

Судот на обвинетиот Миле Јовановски за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ му утврдува единствена казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело.

Правното лице „Меѓународен сојуз“ судот го осуди со казна од 1 милион денари која треба да ја плати во рок од 15 дена од правосилноста а пресудата.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација „Меѓународен сојуз“, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.

Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе