Македонија

Претпладне сончево со засилен ветер, попладне дожд

11. февруари 2019 - 8:19 | МИА

Скопје, 11 февруари 2019 (МИА) –  Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ден со засилен јужен ветер.

Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Минималните температури од – 3 до 2 степена, а максималните од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со променлива облачност и температура од – 1 до 13 степени.

За наредните три дена УХМР  најавува променливо облачно време со засилен северен ветар. Утре  и задутре ќе има локални слаби врнежи од снег.

Коментирај