Мнозинството граѓани на Молдавија се против идејата земјата да се откаже од неутралноста и да влезе во НАТО, изјави денеска претседателката на Молдавија, Маја Санду.
„Народот треба тоа да го сака затоа што тоа подразбира промени на Уставот и тоа треба да се направи преку референдум. Меѓутоа, ако ги погледнеме анкетите на јавното мислење ќе видиме дека нема сериозна поддршка за идејата за напуштање на неутралноста“, изјави Маја Санду во интервју за телевизијата PRO, пренесе ТАСС.
Анкетите покажуваат дека повеќе од 55% од Молдавците силно се противат на членството на земјата во НАТО, додека 27% ја поддржуваат иницијативата.