Претседателот на УЕФА: Случајот „Милан“ покажа дека финансискиот фер-плеј функционира

Нион, 18 август 2018 (МИА) - Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ситуацијата со италијанскиот гигант Милан покажува дека финансискиот ферплеј навистина функционира.

Како што е познато, „росонерите“ првично беа повлечени од Лигата на Европа поради ова правило, но откако ги направија потребните промени, се вратија на турнирот.

- Причината за воведувањето на финансискиот фер-плеј беше да се обезбеди финансиска стабилност на европските клубови. Правилата помогнаа на многу тимови да ја подобрат својата финансиска стабилност, принудувајќи ги да не трошат повеќе од она што го заработуваат. Резултатот беше несомнено подобрување на состојбата на европскиот фудбал. Сега е време да го преземеме следниот чекор, поради што од неодамна ги зацврстуваме уште повеќе правилата. Ова ја зголеми транспарентноста на клубовите кои треба да ги објавуваат своите финансиски информации, вклучувајќи ги и плаќањата на агентите, изјави Чеферин во интервју за „Кориере дело спорт“.

Тој додаде дека трансферите ќе бидат потранспарентни и дека секој клуб ќе се оценува по истиот критериум.

- Убеден сум дека ова е нов чекор во вистинската насока за да се обезбеди финансиска стабилност во европскиот фудбал. Системот е независен и сметам дека сите треба да го цениме фактот дека случајот со Милан докажа дека финансискиот фер-плеј функционира, изјави шефот на европската централа.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе