Претседателски кандидат на Еквадор убиен на митинг

Макфакс
/ 10.08.2023 / 10:11

Фернандо Виљависенсио, кандидат за претседател на Еквадор, беше убиен на предизборен митинг во Кито.

Виљависенсио бил заменик во собранието, а бил убиен кога влегувал во автомобилот со кој требало да се оддалечи од местото на митингот, јавува BBC.

Член од неговиот изборен штаб за локалните медиуми изјавил дека Виљависенсио влегувал во својот автомобил кога напаѓачот му пришол и го застрелал во главата.

Актуелниот претседател на Еквадор, Гиљермо Ласо, изјави дека „ова злосторство нема да остане неказнето“.

URL

Очевидци тврдат дека Виљависенсио (59) бил застрелан три пати. Во престрелката што следела бил ранет и осомничениот за атентатот, а подоцна починал од повредите.

Првиот круг од претседателските избори во Еквадор треба да се одржи на 20 август.

Претседателот Ласо, кој нема да се кандидира за функцијата, рече дека е „шокиран“ од убиството.

Недамнешниот пораст на насилниот криминал, поттикнат од зголеменото присуство на нарко-картелите во Еквадор, е централна тема во овогодинешната изборна кампања.

Remote video URL

Минатиот месец, претседателот Ласо прогласи вонредна состојба и полициски час во три провинции, по убиствата поврзани со организираниот криминал.

Кампањата на Виљависенсио, освен на безбедноста на граѓаните, беше фокусирана и на борбата против корупцијата, со која се занимаваше и како новинар, но и на борбата за намалување на уништувањето на животната средина.

Штабот на Виљависенсио минатата недела објави дека тој и членовите на тимот добиле закани од водач на банда за шверц на дрога.

Виљависенсио беше еден од 8-те кандидати во првиот круг на изборите, но тој не беше во водство, според анкетите на јавното мислење.

URL

Агустин Интриаго, градоначалникот на градот Манта, беше убиен во Еквадор во јули, а Омар Менендес, кандидат за градоначалник на градот Пуерто Лопес, беше убиен во февруари.

Другите претседателски кандидати изразија сочувство до семејството Виљависенсио.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе