Претставен потполно новиот Peugeot 308
Компанијата Peugeot ја претстави третата генерација на моделот 308.
Peugeot драстично го смени дизајнот на моделот поради изгледот, но и за подобра аеродинамика. Третата генерација е базирана на еволуција на EMP2 платформата. Кровот е понизок за 22 мм, а тука се и новите дневни светла.
Новата решетка на ладилникот е слична на онаа која ја има поголемиот модел 3008. Напред се наоѓаат full LED светла, а подобро опремените модели поседуваат LED Matrix светла.
Во понуда е 1,2-литарски бензин мотор кој развива 109 коњски сили и достапен е со менувач со 6 брзини, а верзијата со 128 KС е достапна со мануелен или автоматски менувач.
Што се однесува на дизелот, тука е 1,5-литарски четирицилиндричен модел со 6-степен мануелен менувач кој развива 128 коњски сили. Достапна е и plug-in хибридна верзија која испорачува 148 коњски сили.
Продажбата во Европа почнува во втората половина на оваа година.