Регион

При падот на српскиот воен авион загинале двајцата пилоти

7. април 2017 - 15:49 | Макфкас

Загинаа двајцата пилоти кои се наоѓаа во воениот авион „Галеб-4“, кој утрово се урна на подрачјето на селото Слатина, во близина на Шабац.

Во несреќата загинале пилотите Дејан Пандуровиќ и Ненад Чулибрк.

Авионот полетал од воениот аеродром Батајница, а според изјави на очевидци леталото било во пламен уште во воздух.

Во последните седум години во падови во авиони и хеликоптери на Военото воздухопловство на Србија загинале над 20 луѓе. 

Коментирај