Приказна за Моцарт – музичко едукативна претстава за деца и родители во КИЦ на РСМ во Софија

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија денеска ќе се одржи музичко едукативна претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението „Детски Свет“ од Скопје.

Автор на претставата е Сања Шуплевска Боирал, драматург Магдалена Ризова Черних, а продуцент  Орце Ицковски. Ќе настапат Анастасија Аневска – Клара, Адриен Боирал – Карл, Александар Ицковски – виолончело, Ведран Андреевски – пијано, Дарко Богески – Моцарт, Леополд, Бетовен, Магдалена Ризова Черних – Кралицата и Сања Шупелвска – виолина.

Претставата се одвива во времето кога В. А. Моцарт ја пишувал својата последна опера – „Волшебната флејта“ во 1791. Главните носители-актери во претставата се во улога на детскиот состав од „Волшебната флејта“. Тие прават експерименти и истражувања со главна цел да го спречат маестрото Моцарт во намерата да ја исфрли нумерата со деца од претставата. Претставата преку неколку сцени раскажува за моменти од животот на славниот композитор, неговото творештво, како и периоди од детството, патувањата, познанствата и родителството.

Сцените се проследени со изведба и видео инсерти  на неколку познати композиции од опусот на В.А. Моцарт.

Здружението „Детски Свет“ е непрофитна организација која од своето основање до денес спроведува бројни проекти значајни за општеството и културата, каде преку разновидни едукативни работилници се постигнуваат значајни резултати во однос на активното учество на децата и младите во промовирањето на културно-уметничкиот живот во РСМ. Целта е да се зголеми свеста за важноста на неформалното образование при активното вклучување во процесот на развојот на културата и уметноста во земјата.

реклама

Јапонски градоначалник стана хит поради Џо Бајден

Read more

Во тек истрага за софтверот за контрола во сообраќајот, сомнение за причинета штета на Буџетот од 180 илјади евра

Read more

Одговор на енергетската криза: Макрон предизборно планира шест нуклеарни реактори

Read more

Хороскопски знаци кои најмногу зеленеат од љубомора

Read more

Култура

Cuban Fire – Националниот џез-оркестар свири афрокубанска музика

Read more

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Read more

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Read more

Некој ме гледа романтично – љубовен концерт на Македонската филхармонија

Read more
 

Вести

Една година од смртта на Алексеј Навални

Читај повеќе

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори

Читај повеќе

Адмирал на НАТО: Украина нема да биде последната цел на Путин

Читај повеќе

Странци нема да смеат да купуваат имот во Австралија

Читај повеќе

Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Читај повеќе

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Читај повеќе

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Читај повеќе

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Читај повеќе

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Читај повеќе