Природни лекови кои помагаат против кашлица

Пониските временски температури носат и почести настинки кои може да предизвикаат кашлање.

Иако лекар треба да ја утврди дијагнозата и третманот, постојат помошни, природни лекови како мед, мајчина душичка и ѓумбир, коишто можат да ја спречат оваа непријатна појава.

Кашлицата е природен рефлекс што се јавува кога нешто ви го иритира грлото или дишните патишта. Повремената кашлица е нормална, па дури и здрава, бидејќи му помага на телото да ги исфрли наталожените слуз и остатоци. 

Најчести причини за кашлица се: чад од цигари, бактериски инфекции, алергии, астма, бактериски и вирусни заболувања како настинка или грип.

Кашлицата предизвикана од астма, инфекции и алергии треба да ја лекува лекар, но ако таа опстојува по вирусна инфекција или иритација, неколку природни состојки може да помогнат при лекувањето дома.

Meд

Медот делува слично како сирупите за кашлица – кога го консумирате, ја обложува слузницата на грлото, ублажувајќи ги болката и гребењето. Студија од 2007 година објавен во „Журнал за педијатриска и адолесцентна медицина“ посочува дека медот е поефикасен во лекувањето на ноќната кашлица отколку декстрометорфанот – вообичаен лек за кашлица.

Медот има и противвоспалителни, антиоксидантни и антибактериски својства – кои може да придонесат за смирувачко дејство. Овие својства помагаат во борбата против инфекциите и може да го зајакнат имунолошкиот систем.

„Гаргара“ со солена вода

„Гаргарата“ со солена вода може да помогне да се сузбијат бактериите и да се ослободи слузот во грлото. Тоа ќе помогне да се исчистат синусите и побрзо ослободување од кашлицата. Солената вода, исто така, може да помогне да се намалат отоците и иритацијата предизвикани од постојаната кашлица.

Ѓумбир

Ова растение кое најчесто се користи како додаток во исхраната. Може да помогне во лекувањето на разни здравствени проблеми, а како оние во медот, биоактивните соединенија во ѓумбирот имаат антиоксидантни, антимикробни и антиинфламаторни својства. Ѓумбирот има и посилен вкус, којшто го стимулира лачењето плунка и помага против сува уста и грло.

Корен од бел слез

Се работи за растителен додаток за кој се смета дека ги смирува иритираните делови на грлото и устата. Корените и лисјата од бел слез содржат слуз која, кога се меша со вода, се создава гел којшто го обложува грлото, слично како медот.

Мајчина душичка

За ова растение се смета дека ги смирува грчевите во мускулите, вклучувајќи ги и оние предизвикани од кашлање. За ублажување на кашлицата, може да се консумира како чај или во облик на таблети и сируп.  

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе