Во текот на летото

Природни начини како да се ослободите од непријатниот мирис на пот

Луѓето кои се склони на прекумерно потење, а за тоа немаат посебна здравствена причина, многу тешко ги поднесуваат високите летни температури.

Германски експерти имаат неколку совети кои ќе помогнат да се намали засилената работа на потните жлезди, без притоа да користите антиперспиранти.

Еден од начините е консумација на помала количина црвено месо во текот на летните месеци. Експертите предупредуваат и дека некои вегански и вегетаријански алтернативи, како производи од соја или мешунки, исто така можат да влијаат на зголеменото лачење пот од потните жлезди, бидејќи исто како црвеното месо, содржат хемиски соединенија познати како пурини.

Тоа се органски компоненти присутни во секоја намирница. Постојано се произведуваат во организмот и се важна компонента, но одредена храна е особено богата со овие состојки како на пример школки и ракчиња, зелка, спанаќ и слично.

Друг природен начин на намалено излачување пот е воздржување од консумирање на кофеин, алкохол, зачинета храна и никотин.

Потењето е природна реакција на телото, како и систем на ладење. Потта сама по себе нема мирис, туку мирисот се создава како реакција на бактериите кои живеат на кожата. Колку повеќе се води сметка за личната хигиена, бактерии ќе има помалку, па и мирисот ќе исчезне.

Местата на кои потта не успева брзо да испари даваат топло и влажно опкружување, а тоа е погодно за бактериите кои се хранат со хемикалии од потта. Секојдневното туширање ќе го намали размножувањето на бактериите на кожата.

Дезодорансите го прикриваат мирисот на телото, но не го намалуваат потењето, ниту размножувањето на бактериите.

Германските лекари сметаат дека на некои луѓе доста им помага примена на пудра за тело која го впива вишокот влажност, па се препорачува за користење на подрачја кои помалку се потат.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе