Пристигна Porsche 911 GT3 Cup, чини 225.000 евра
Компанијата Porsche го претстави тркачкиот модел 911 GT3 Cup.
Porsche 911 GT3 Cup го движи познатиот 4,0-литарски 6-цилиндричен мотор кој развива 510 коњски сили. Емисијата на C02 е пониска, а звукот остана еден од најдобрите во мотоспортот.
Кокпитот доби голем екран во боја, осветлување, нов менувач. Новиот автомобил е и поевтин за одржување.
Porsche 911 GT3 Cup (992) ќе биде достапен до купувачите во февруари наредната година, а ќе чини 225.000 евра.