Пристигна првиот трејлер за „Captain Marvel“
Долго очекуваниот трејлер за првиот соло-филм од Marvel со девојка во главната улога конечно пристигна. Оскаровката Бри Ларсон се појавува во улогата на Керол Данверс (Captain Marvel), пилот во воените сили на САД која по една несреќа добива супермоќи и решава да ги искористи во борбата против злото.
Дејството на филмот е сместено во 1990-тите, а во него покрај Бри Ларсон се појавуваат уште Џад Лоу, Анет Бенинг, Бен Менделсон, Џема Чен и Семјуел Л. Џексон во улогата на Ник Фјури.