Пристигнува Photoshop во прелистувач: Нема инсталација, повеќето алатки се таму

Најпопуларната алатка за обработка на слики ќе биде достапна и преку интернет прелистувач, на задоволство на многумина.

Една од компаниите која во последните неколку години целосно ги трансформираше своите апликации, модели на користење и кориснички пристап - е секако Adobe. Со оглед на тоа што сѐ повеќе луѓе повеќе користат таблети отколку компјутери, Adobe сериозно се заложи кон развојот на апликации за уреди со Android и iOS, обидувајќи се да го искористи потенцијалот на таблетите и паметните телефони.

Веб трансформација

Една од новите информации што Adobe синоќа ги објави на својот блог е дека во тек е пријавување за бета тестирање на веб верзијата на алатката за обработка на фотографии Adobe Photoshop. Ова значи дека наместо да го преземете целиот софтверски пакет и да го инсталирате на сите ваши компјутери, едноставно ќе можете да отворите веб-адреса, да се најавите и да продолжите да работите од кој било уред. Се разбира, освен ако не одлучите да го замените скапиот Photoshop со некои попристапни алтернативи.

Тоа ниво на флексибилност е нешто што недостасува, особено за корисниците во движење кои мораат да користат туѓи компјутери за да направат некои промени во лет. Во суштина, она што Adobe го прави сега е основата зад многу пошироката приказна за веб-апликациите - што ви овозможува секогаш да ја носите вашата работа со себе и да продолжите да ја правите на кој било компјутер.

Сѐ е потврдено

Adobe официјално најави дека наскоро ќе објави верзија на апликацијата Photoshop која е наменета за веб. На блогот се наведува дека оваа верзија не е толку моќна како целосната апликација, недостасуваат некои функционалности, пред сѐ поради ограничувањата на природата на веб-апликациите, но треба да биде доста добра за сите корисници кои треба да направат некои летечки промени кои не се само сечење делови и промена на големината на фотографиите.

URL
Пријавање за бета фазата

За да се пријавите за бета програмата, треба да ја пополните анкетата што се наоѓа тука, по што ќе ви биде кажано дали можете да го пробате новиот Photoshop пред другите. Засега, постои ограничување во смисла дека новиот Photoshop за веб ќе работи само во прелистувачите Chrome и Edge, но веруваме дека тоа ќе се промени додека програмата излезе од бета фазата.

Во секој случај, ќе биде многу интересно да се види што смислиле од Adobe, како во однос на функционалноста, така и во однос на надоместоците за користење на нивната најпопуларна апликација. Adobe неодамна воведе екстензија за Chrome која овозможува основно уредување на PDF документи директно од прелистувачот, без да се инсталира никаква апликација. Не треба да се занемари фактот дека се работи за концепт кој зема замав и дека е само прашање на време кога повеќето апликации што секојдневно ги користиме целосно ќе се префрлат на веб.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе