Притвор за 6 лица приведени на Табановце, на тројца одземени пасошите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 полициски службеници кои извршувале инкриминирани дејствија со коруптивни елементи на граничниот премин „Табановце“, од кои за шестмина, по барање на ОЈО ГОКК, судии на претходна постапка донесоа решенија за притвор.

Од ЈО велат дека постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на расположливите докази донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување“ и како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Примање поткуп“, додека останатите пријавени лица се осомничени дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на вчерашниот ден предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за изрекување на мерката притвор за четворица осомничени, мерка притвор во траење од 8 дена за две лица, додека, за останатите за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство. Судиите на претходна постапка ги прифатија предлозите.

– По нивно произнесување во однос на предлозите, а во присуство на бранител, судиите на претходна постапка донесоа решенија со кои ги прифатија предлозите на ОЈО ГОКК и на Д.К., В.Ф. и И.Н. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на Х.К. му определи мерка куќен притвор, на А.С. и М.Ј., за кои се води скратена постапка, прифатен е предлогот на обвинителот и им е определена мерка притвор во траење од 8 дена, за Ј.Н., Н.П. и А.А. прифатен е предлогот на обвинителот и определени се мерки за претпазливост, стои во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Од Јавното обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка, врз основа на сознанија дека на ГП „Табановце“ група полициски службеници на организиран начин извршуваат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи, под раководство на предметниот јавен обвинител, била спроведена полициска акција.

– Во акцијата, се извршени претреси на 27 полициски службеници, како и претреси во службените простории на ГП „Табановце“ и домовите на дел од пријавените и притоа се приведени девет полициски службеници, се наведува во соопштението од ЈО.

Според постапката, на почетокот на 2020 година, осомничените – командир на ПС за гранични проверки, двајца виши полицајци во истата ПС и еден полициски службеник, опфатени во Наредбата за истражна постапка, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, создале група со цел да вршат кривични дела „Примање поткуп“ од член 357 и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ за кои кривични дела може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна.

– Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10, 20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра, се вели во соопштението.

Remote video URL

Од ОЈ дополнуваат дека на 25 декември при спроведените претреси кај осомничените се пронајдени предмети, подароци и поголема сума на пари за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од извршените кривични дела за кои се осомничени.

– Па така, кај четвртоосомничениот пронајдени се 15.795 евра во банкноти во апоени од по 5 евра, 10 евра и 20 евра и 30 швајцарски франци, додека кај првоосомничениот се пронајдени 210.000 денари во апоени од по 1.000 и 2.000 денари. Воедно, во зградата на ГП „Табановце“ во просторијата – кујна во метален сад сместен во висечки орман пронајдени се 420 евра и 20 франци што осомничените ги сокриле како пари примени тој ден како поткуп, велат од ЈО.

реклама

Хроника

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе