Приведен дилер кој разнесувал и продавал дрога во Скопје

Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје.

Во населба Идризово, Скопје, завчера в0 21.30 часот од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс“ со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога. Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К., каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело. При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин.

Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Хроника

Безживотно тело пронајдено на пруга во Хиподром

Read more

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба во Скопје

Read more

Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца

Read more

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Read more
 

Вести

Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо

Читај повеќе

Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

Читај повеќе

Комисијата даде негативно мислење за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

Читај повеќе

Најавено забавување на сообраќајот на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“

Читај повеќе

ОЈО отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Читај повеќе

Идниот премиер на Шкотска: Независноста ни треба повеќе од било кога

Читај повеќе

Дали руската елита ќе му пресуди на Путин пред Хаг?

Читај повеќе

Вработените во Министерство за култура побараа поголеми плати со протест пред Влада

Читај повеќе

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Читај повеќе