Приведен крадец на возила од скопското село Грчец

Скопската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против Ј.П.(27) од село Грчец, Скопско поради „тешка кражба“, дело казниво по член 236 од КЗ на Република Македонија.

Кривичното дело било извршено на 22 јануари околу 12,20 часот пред маркет на улица „Борис Сарафов“. „Оштетениот се паркирал со своето возило „форд експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Крадецот ја искористил приликата, влегол во отклученото возило и го одзел.

Оштетениот веднаш реагирал да го стигне и запре возилото, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е отпочната потрага на терен во правец на движење на украденото возило.

Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде го оставил возилото и побегнал. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен. Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело, информираат од МВР.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе