Приведените во случајот „Империја“ остануваат во Шутка

Скопје, 14 ноември 2018 (МИА) – Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 на денешната јавна седница ги одби жалбите на одбраната и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка за прифаќање на предлогот за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“.

– Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (ЈОРМ) за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“, советот одржа јавна седница по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка, се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Пет лица осомничени во случајот на СЈО добија 30-дневен притвор и се наоѓаат во затворот „Скопје“ во Шутка. Меѓу нив се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“ Тодор Мирчевски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе