Пробавме пица Тоскана од Mamma Italiana

Ммм... Пица! Сме пробале многу вкусови, форми и големини и сѐ уште сме ненаситни на овој специјалитет на италијанската кујна. Но, со големиот број на новоотворени инстант-пицерии, често се случува да налетаме на пици кои тотално ни го уништиле задоволството затоа што содржеле несоодветни состојки (како растителен кашкавал), содржеле премногу кисел или премногу благ доматен сос, имале недопечено тесто или едноставно биле препечени и исушени како двопек.

Во последно време, прочитавме голем број на сочни препораки на социјалните медиуми за пицата Тоскана (со лукче, пршута и моцарела) од Mamma Italiana, па решивме да ја ставиме на тест и да провериме дали пофалбите се оправдани.

Пред да почнете да го „гуглате“ ресторанот, појаснуваме дека Mamma Italiana е пицерија која работи исклучиво со достава. Но, може да се пофали со најбрзата достава која некогаш сме ја виделе! Нарачката ја направивме во 14:58 часот, а пицата веќе пристигна на нашата локација во 15:15 часот. Обидете се да си визуелизирате колку напор и посветеност е потребна за пицеријата да ја прими нарачката, да ја подготви пицата, да ја испече и да ја достави до нашата локација за неверојатни 17 минути и тоа во време за ручек!

Доставувачот нѐ повика да се симнеме пред зграда за да ја подигнеме нарачката. Пицата беше спакувана во симпатична жолта картонска кутија со смајли, која уште „чуреше“ затоа што пицата беше извадена од печка пред само неколку минути. Кога станува збор за испорака на пица, од исклучителна важност е таа да биде доставена до крајната локација сѐ уште топла, затоа што никој не сака да јаде „ќутук“ тврда и ладна пица – а ова, за жал, се случува премногу често.

Ја отворивме кутијата и веднаш нѐ обзеде пријатниот мирис на лукче и пршута! Тестото изгледаше фино испечено, а мастрафот одозгора сочно и примамливо. Побрзавме да направиме неколку слики и веднаш почнавме со јадење, со цел да го доживееме вистинското искуство пред да се олади.

Уште по првиот гриз може да се забележи дека Mamma Italiana не штеди на мастраф, а особено на лук во својата Тоскана. Ако сте љубител на острата и препознатлива арома на лукот (и не треба да разговарате лице в лице со некого во следните 12-24 часа), комбинацијата со пршута и кашкавал е нешто што сигурно ќе ви се допадне.

Тестото беше испечено до перфекција. Крцкаво (но, не пресушено), меко (како мекица) и сочно – благодарение на маслиновото масло. Со сигурност можеме да потврдиме дека ова е едно од најдобрите теста кои сме ги пробале до сега. Пицата е доволно солена за да ве поттикне да ја консумирате во комбинација со црвено вино или пиво. Соодносот на регуларниот млечен кашкавал и моцарела е прикладен, а пршутата е вкусна и добро исечкана (ни премногу дебела, ниту проѕирна). Според нас, Тоскана дефинитивно има потенцијал да стане уште повеќе барана и продавана пица од класичната Капричоза.
 

Додека го привршувавме и последното парче, иако пицата е доволно голема, дојдовме до заклучок дека можеби требаше да порачаме уште една – да, толку беше добра! И со задоволство ќе ја порачаме повторно!

thumb_up Позитивно
  • Неверојатно брза испорака. 
  • Топла пица.
  • Добро испечено.
  • Соодветни состојки.
  • Сочно.
  • Вкусно.
thumb_down Негативно
  • Нема можност за електронско плаќање или преку терминал при испорака.
thumb_up
Кајгана
Оцена
5/5
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Читај повеќе

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се петте најнечисти површини во вашата кујна?

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Читај повеќе
  • filter

Кои се четирите најскапи часовници во светот?

Читај повеќе

За машки: 7 совети како да ја освоиш симпатијата

Читај повеќе

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Читај повеќе