Прогласување на победниците на првата Академија на Шпаркасе Банка - Млад банкар

На 22.03.2024 г. во Центарот за обуки на Шпаркасе Банка се одржа завршната церемонија од Академијата на Шпаркасе „Млад банкар“, каде што претставници на Банката им доделија признанија и награди на најуспешните учесници во Академијата.

Шпаркасе Банка како банка што верува во иднината, исклучителен фокус става на младите и секогаш се труди да биде присутна и достапна за да ги задоволи нивните потреби. За таа цел, во рамките на платформата #кариерабезбариера – Шпаркасе Банка ја организираше Шпаркасе академијата „Млад банкар“ во периодот од декември 2023 до март 2024, каде што преку спој на едукација и забава, сите учесници имаа можност да го надоградат и да го усовршат своето знаење, да развијат најразлични индивидуални вештини и да изградат работни навики.

Покрај банкарското работење, на Академијата учесниците имаа можност да се запознаат со корпоративната култура на Банката, како и да присуствуваат на предавања од банкари, професионалци во својата област. Дел од темите што беа опфатени се: креирање CV, продажни техники и вештини, корпоративни комуникации, развој на производи, личен брендинг и сл.

Наградите и признанијата што ги добија најуспешните учесници се доделија врз основа на претходно изработени и презентирани иновативни и креативни проекти на кои младите работеа во групи, а кои беа презентирани пред тим составен од претставници на Банката.

Шпаркасе Банка и во иднина ќе продолжи преку организација на слични вакви настани да им овозможува на младите потенцијални кадри да го искусат банкарското работење низ интерактивни и реални програми, кои понатаму ќе им обезбедат полесен пристап во светот на бизнисот и ќе ги подготват за пазарот на трудот.

Се гледаме на следната дестинацијa - Охрид, на Vibe on – Summer Academy.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе