Промени на ноктите што може да укажуваат на рак

Ноктите се составен дел од нашето тело кои имаат заштитна и функционална улога, бидејќи ги штитат прстите на рацете и нозете и ни овозможуваат да извршуваме активности кои не би биле возможни без нив, како што се гребење или кревање работи.

Бидејќи добиваат крв и хранливи материи од телото, може да сигнализираат каков било недостаток на важни елементи или скриени болести од кои можеби страдате.

Промените во бојата на ноктите не се алармантни во повеќето случаи. Сепак, понекогаш може да бидат знак за хронични болести, особено рак.

Ноктите може да кажат многу за вашето здравје

Додека пожолтувањето или задебелувањето на ноктите може да укажуваат на габична инфекција, кршливите нокти може да бидат знак за болест на тироидната жлезда или анемија. Ако забележите мали пукнатини на ноктите, тоа може да укажува на псоријаза или алопеција. Покрај тоа, белите линии под ноктите може да значат дека страдате од болести на бубрезите или црниот дроб.

Врската помеѓу ноктите и ракот

Субунгвалниот меланом, вид на рак на кожата, може да се открие преку промени во бојата на ноктите. Можно е да се појави во форма на темна линија под плочката на ноктите или да се создаде затемнување во близина на коренот на ноктите, исто така познати како субунгвални лезии.

Освен што се знак за рак, ваквите промени во бојата на ноктите можат да бидат и резултат на лекување на ракот, несакани ефекти кои најчесто се јавуваат поради земање лекови. Покрај создавањето црни линии на ноктите на рацете или стапалата, постојат и други знаци на субунгвален меланом кои може да се појават на ноктите.

Промените во ноктите што може да се појават се:

  • Слаби, кршливи нокти
  • Модринка на ноктот, која тешко се лекува
  • Крварење околу ноктите
  • Пукнатина на плочката на ноктот
  • Црно-кафеави ленти кои продолжуваат да растат

Навремената реакција е клучна

Физичкиот преглед и биопсијата можат да помогнат во дијагнозата. Покрај тоа, третманот би вклучувал хирургија, хемотерапија, терапија со зрачење, имунотерапија и насочени терапии, во зависност од тоа колку е напреднат ракот.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Здравје

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more

Едноставен едноминутен тест може да предвиди влошување на здравјето на мозокот

Read more

Како чаша топла вода на празен стомак влијае на телото?

Read more

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Read more
 

Магазин

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Читај повеќе

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

За што може да ви забранат да се качите во авион?

Читај повеќе

Како може да ја намалите анксиозноста кај вашето куче?

Читај повеќе

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Читај повеќе

Виенски шницли со сос од печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчести грешки при пролетното чистење на домот

Читај повеќе

Кои се најчестите измами што ги прават туристичките агенции?

Читај повеќе
  • filter

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Читај повеќе