Промовиран проекот „Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ со новите можности за престој во природа

„Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ е насловен проектот кој го спроведува Здружение планинарскиот клуб „Шара ски“ од Тетово, со што на сите посетители на овој зимско-рекреативен центар им овозможува еден поинаков престој во природа. Пешачење, велосипедизам, детска забава, воедно опуштање и уживање на чист воздух е комбинацијата на сите убави работи кои ги нуди проектот.

Пешачко-велосипедската патека „Јелак“ со вкупна должина од 12 километри е можност да се помине неколку часа на чист воздух, да се види убавината на зимзелената шума од борови и елки попат. Во рамки на проектот се изгради простор за одмор со клупи и претствува нова содржина за посетителите на Попова Шапка. Од ски-центарот до новото место за одмор се потребни околу час до час и половина пешачење, а патеката спаѓа во лесна категорија која може да ја поминат и почетници.

– Просторот се состои од четири маси и осум клупи, канти за отпадоци. Исто така, поставена е и инфо-табла со дополнителни информации за можностите и активностите во близина на патеката „Јелак“. Таа е поставена на шестиот километар на патеката која е во вкупна должина од 12км (во двете насоки), во непосредна близина на прекрасниот видиковец од кој се гледа „Јелачки црн врв“. Ова место за одмор на една од најатрактивните патеки што овозможува поминување време во природа и на отворено е од особено значење во новите променети услови и протоколите за безбедност од COVID-19, изјави Тихомир Аноски, претседател на планинарскиот клуб „Шара Ски“.

При денешната промоција на проектот инаку чии активности беа спроведени во изминатите три месеци се запознаваме и со новото детско игралиште Active Кids Аdventure Park.

– Тоа се атрактивни содржини за најмладите (лизгалка, нишалка, клацкалка, вратила) меѓу кои најмногу внимание привлекува детскиот тандем Зип лајн. Еден дел од паркот е прилагоден за деца со посебни потреби. Детскиот парк е поставен во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка, влезот е бесплатен за сите посетители. Заради дополнителна безбедност на децата набавена е заштитна опрема (кациги со различна големина).Во склоп на Паркот опремени и функционални се два тоалети кои се наменети исклучиво за Кидс адвенчар паркот, објаснува нашиот домаќин Аноски.

Во рамки на проектот се работеше и на тоа луѓето да имаат соодветни и навремени информации за сите тековни можности за престој на Попова Шапка, на начин што е создадена обединувачка веб-платформа со информации за сите случувања во центарот со наслов „Popova Shapka – All seasons Adventure”

– Оваа веб-платформа е создадена заради подобрување на атракциско мотивациските фактори преку збогатување на туристичката понуда, но и промоција на истата, а со цел да се зголеми приливот на туристи врз основа на пристигнувања, како и развојот на туризмот на Попова Шапка. Идејата е на едно место да се понудат информации за сите досегашни и идни туристички настани, случувања, понуда на туристички производи, туристичка понуда и слично на Попова Шапка од сите засегнати стреани. Исто така, на веб-страницата има форум кој ќе биде модериран секојдневно. Веб-платформата е тројазична, на македонски, на албански и на англиски јази - www.popovashapka.mk, наведе Аноски.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе