Машко лице на возраст од околу 60 години, пронајдено е починато вчера вечер во Општина Центар во Скопје.
Во 21.10 часот во полициска станица во Центар телефонски било пријавено дека на ул. „Иван Милутиновиќ“ непознато машко лице на возраст од околу 60 години лежело во бессознание и не давало знаци на живот.
Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција.