Хроника

Пронајдени 33 мигранти во струмичкото село Свидовица

21. ноември 2019 - 13:12 | МИА

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Триесет и тројца мигранти се пронајдени синоќа во атарот на струмичкото село Свидовица.

Од нив, 21 мигрант бил од Аваганистан, седум од Пакистан, тројца од Иран и двајца од Ирак.

Мигрантите, соопшти денеска МВР, се пронајдени околу 20:30 часот и се предадени во Прифатниот центар Гевгелија на понатамошна постапка.

Коментирај