Пропаднаа преговорите меѓу Русија и Украина во Берлин

Б.С.Б.
/ 11.02.2022 / 08:27

Русија и Украина објавија дека не постигнале никаков напредок по еднодневните разговори со француските и германските официјални лица, чија цел беше да се стави крај на осумгодишниот сепаратистички конфликт во источна Украина.

Тоа означува назадување во напорите за ублажување на ширење на украинска криза, а поради која Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница.

Рускиот претставник Дмитриј Козак на брифинг по вчерашните разговори во Берлин изјави дека не било можно да се премине преку различните толкувања на Русија и Украина околу договорот од 2015 година кој имаше за цел да ја заврши борбата меѓу проруските сепаратисти и украинските владини сили.

„Не успеавме да премиенеме преку тоа“, изјави украинскиот претставник Андриј Јермак.

Додаде дека и двете страни се сложиле разговорите да продолжат.

„Се надевам дека во брзо време повторно ќе се состанеме и ќе ги продолжиме преговорите. Сите сме одлучни да постигнеме резултат“, изјави тој.

Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) известуваат за чести прекршувања на договорот, понекогаш со стотици инциденти на ден. Украина соопшти дека од 2014 година се убиени околу 15.000 луѓе.

Претставниците на Русија, Украина, ОБСЕ и двата сепаратистички региони потпишаа договор од 13 точки во Минск во февруари 2015 година, кој беше поддржан и од лидерите на Франција и Германија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера ја обвини Украина дека се обидува да го ревидира договорот и да ги избере само елементите кои се најповолни за неа.

Украина вели дека е посветена на договорот. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе