Протокол за работни места: Редовно миење и дезинфицирање и физичко растојание меѓу вработените

Редовно и темелно миење на рацете, поставување средства за дезинфекција на истакнати места во работната средина, носење заштитни маски, држење дистанца од најмалку еден метар, избегнување на директен физички контакт со други лица како прегрнување, допирање и ракување, организирање на работата во смени или на далечина доколку е тоа возможно, се дел од препораките што ги содржи Протоколот за превентивни мерки на работните места што Владата го усвои на 60-тата седница.

Препорака е рацете да се мијат со сапун или со средство за дезинфекција пред отпочнување со работа, пред јадење и по контакт со колеги и клиенти или по контакт со потенцијално загадени предмети како што се ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад…Редовно да се чистат работните површини особено оние кои често се допираат како рачки на врати и прозорци и прекинувачи за светла. На работното место треба да има доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

На видно место треба да се истакне промотивен материјал за носење заштитна маска и упатство како правилно се користи, а доколку некој од вработените е болен или не се чувствува добро не треба да доаѓа на работа. Доколку пак некој вработен не се чувствува добро додека е на работа, треба да му се обезбеди медицинска маска за да може безбедно да се врати дома.

– Сите работници сами да го следат своето здравје и редовно да ја мерат телесната температура. Мерењето на температурата на работното место треба да се разгледа како опција само во контекст на комбинација на мерки за превенција и контрола на COVID-19 на работното место и заедно со комуникација за ризикот. Треба да се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи на работното место, а постојат сомневања дека има COVID-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција, се наведува во Протоколот.

Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден COVID-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

Препорака е да се намали и густината на луѓето во објектот, односно да има физичко растојание од најмалку еден метар меѓу работните позиции и во заедничкиот простор, како што се влезови или излези, лифтови и кантини и да се намали потребата од состаноци и настани кои вклучуваат близок контакт меѓу вработените, односно да се користат телеконференциите.

Во Протоколот се препорачува да се намалат и одложат патувањата поврзани со работата во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со COVID-19, а доколку се неопходни, да се обезбедат дезифициенси за раце за работниците кои мора да патуваат, а по враќањето да се следи здравствената состојба и можната појава на симптоми во текот на 14 дена.

Во работните средини треба да се обезбедат промотивни материјали како постери, видеа или електронски табли на кои ќе се прикажуваат покари за зголемување на свеста за вирусот и редовно да се информира епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје при појава на ризикот од COVID-19. 

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе